Банките во Бугарија со рекордна добивка

66

BNB-580x423

Банките во Бугарија имаат остварено профит од 465 милиони евра за првите седум месеци од годинава, што е скоро 50% повеќе во споредба со истиот период минатата година, пишува софиски Капитал.

Ова е рекорд за овој период, откако се води статистика во Бугарската народна банка (БНБ), пишува 24 часа.

Петте најголеми банки – Уникредит Булбанк, Банка ДСК, ПИБ, ОББ и Поштенска банка, имаат генерирано над две третини од вкупниот профит во банкарскиот систем. Преостанатата третина ја делат останатите 17 банки и пет странски банкарски филијали.