Банките во Црна Гора не можат да наплатат 520 милиони евра кредити

24

evra

Црногорските банки имаат проблем со наплата на кредитите на граѓани и фирми, чиј вкупен износ на долг за кој е пробиен рокот на наплата изнесува 520 милиони евра.

Од Централната банка на Црна Гора соопштуваат дека бруто кредитите и побарувањата кои доцнат со отплата повеќе од 30 дена, на крајот на април изнесувале 520 милиони евра, што е 21,48% од вкупните кредити и побарувања.

Вкупниот број на кредитно задолжени физички и правни лица е 140.843, при што на корисници на кредити се однесуваат 111.222, а на корисници на кредитни картички 29.621, наведуваат од банката за Дневне новине, пренесува портал Аналитика.