Банките во Романија меѓу најпрофитабилните во ЕУ

21

romanska banka

Банките во Романија се меѓу најпрофитабилните финансиски институции во Европската унија, откако се ослободија од лошите кредити, пишува Romania Insider.

Тамошниот банкарски систем имаше поврат на капитал (ROE – return on equity) од 13,5% во првиот квартал од оваа година, што е двојно повеќе од европскиот просек. Стапката на поврат на средства достигна 1,59%, што е четири пати над просекот во ЕУ.

Банките во евро зоната контролираат речиси 80% од банкарскиот систем во Романија, но локалните подружници се повеќе профитабилни од некои од големите банки во Европа. На пример, банките во Австрија, Франција и Италија имаат стапка на профитабилност што е за два до четири пати пониска од банките во Романија.

Во 2015 година, банките во Романија остварија рекордна добивка од околу една милијарда евра.