Банките во Србија во првите три месеци од оваа година од камати и провизии просечно дневно заработуваат по над 770.000 евра, јавува Танјуг.
Банките, според податоците на Народната банка на Србија, од јануари до март оваа година, забележале вкупна нето добивка од над 69 милиони евра.
Дури 72,7% од вкупната оперативна добивка во тој период дојде до наплата на камата, 20,1% од провизија за различни услуги кои банките ги нудат на своите клиенти, додека остатокот е од државата по основа на принос на обврзници.
“Граѓаните постојано се жалат дека каматите се високи, а тоа е навистина така. Иако не ги оправдувам банките, објаснувањето лежи во структурата на пазарот. Банките во Србија имаат мал број на трансакции, па се обидуваат од помалку пари во оптек да заработат што е можно повеќе“, вели економскиот експерт од Институтот за европски студии во Србија, Горан Николиќ.
Тој објаснува дека во Европа банките имаат многу повеќе дневни трансакции, па со самото тоа можат да дозволат нивото на каматите да биде пониско, а провизиите на услугите поевтини.