четврток, 25 февруари, 2021
Почетна Новости Банкнота од 20 долари вреди 57.000 поради грешка

Банкнота од 20 долари вреди 57.000 поради грешка

53

Поради грешка при печатењето, ретка банкнота од 20 американски долари со ознака на еквадорскиот производител на банани Del Monte се продава на аукција од аукциската куќа Heritage Auctions.

Последната добиена понуда надминува 57.000 долари.

“Досега банкнотата е прегледана повеќе од 4.300 пати на веб страницата Heritage Auctions“, изјави за CNN, Дастин Џонстон, потпретседател и извршен директор на одделот за валути на аукциската куќа од Далас.

Аукцијата завршува на 22 јануари. Банкнотата потекнува од серија отпечатена во 1996 година и е уникатна заради налепницата која веројатно случајно била залепена на неа помеѓу неколку фази на печатење.

Од аукциската куќа објаснуваат дека е посебна затоа што на банкнотата се испечатени серискиот број и зелениот безбедносен печат, што ја прави оваа банкнота уникатен пример за таква грешка во светот.

Записите на американскиот долар се печатат во три фази: прво се отпечати задниот дел од банкнотата, потоа се става предниот, и на крај се печати серискиот број и безбедносниот печат.

Очигледно е дека налепницата на производителот на банани Del Monte случајно паднала на хартијата и се залепила пред банкнотите да влезат во последната фаза на производство.

Повеќето банкноти кои содржат грешки кај колекционерите најчесто се продаваат за помеѓу 100 и 1.000 американски долари, рече Леонард Аугсбургер, координатор на нумизматичкиот портал на Универзитетот во Вашингтон во Сент Луис.

Фото : Facebook