“Банкомат” на пареа печатеше пари во Будимпешта

29

1

Минатиот месец во Будимпешта, Унгарија, се одржа фестивалот Budapest100, посветен на згради и друга инфраструктура постара од 100 години. Оваа година фокусот на настанот беше на Nagykörút (Grand Boulevard), кој полни 120 години. Во тој дел од градот, CIB Bank има пет подружници, па по тој повод, заедно со агенцијата Saatchi & Saatchi направија два банкомата на пареа, кои личеа како да се од 1890-тите години.

2

За разлика од типичните банкомати, овие банкомати печатеа персонализирани банкноти со ликот на “клиентот”. Банкоматите беа атракција за граѓаните и испечатија преку 4.000 банкноти.