Банкротираше словенечкиот авиопревозник Adria Airways

27

Словенечкиот авиопревозник Adria Airways поднесе барање за отворање стечајна постапка, јавуваат тамошните медиуми.

Компанијата, поради финансиски проблеми, поднесе барање за стечај до Окружниот суд во Крањ. Судот има рок од два дена да донесе одлука за отворање на стечајна постапка.

Претходно, словенечката влада порача дека нема да даде финансиска помош на Adria Airways, којашто е во сопственост на германскиот фонд 4К Invest.

Овој германски инвестиционен фонд во 2016 година стана мнозински сопственик на словенечкиот авиопревозник.

Фото: Facebook