Бараат откуп од 50 милиони долари од Saudi Aramco

90

Една од највредните компании во светот, нафтениот гигант Saudi Aramco за ВВС потврди дека има одлив на податоци од еден нивните изведувачи на активности.

Датотеката наводно се користи како средство за изнуда на 50 милиони долари од компанијата.

Aramco наведува дека “неодамна дознале за индиректно откривање на ограничена количина на податоци од компанијата со коишто располагаше независен изведувач“.

Не е соопштено за која фирма станува збор, ниту дали изведувачот е нападнат или податоците се откриени на друг начин.

“До податоците не е дојдено со пробивање на нашиот систем, настан што нема влијание на нашата работа, а компанијата и понатаму одржува силна сајбер безбедност“, додаваат од Aramco.

Изнудувачите сега располагаат со еден терабајт податоци од Aramco, а понудени се 50 милиони долари во крипто валути, во замена за бришење на податоците.

Фото: Pexels