Барањата за субвенции за произведено и продадено млеко се поднесуваат до 30 април

20

Jug of milk against herd of cows. SwitzerlandОд Агенцијата за финансиска поддршка на зејмоделството и руралниот развој соопштуваат дека во тек е поднесувањето на барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко, во период октомври-декември 2012.

Поддршката е во висина од 3,5 денари по литар и дополнителни 15% за млеко произведено на места со надморска висина поголема од 700 метри. Барањата се поднесуваат до 30 април 2013 во подрачните единици на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како доказ треба да се достават откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени обејкти за производство на храна од животинско потекло.