Барање за кредит за населението – што треба да знаете кога аплицирате за кредит?

53

Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа “Со Народната банка во светот на финансиите”, којшто се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Барање за кредит за населението. Што треба да знаете кога аплицирате за кредит?

Серијалот едукативни анимирани видеа “Со Народната банка во светот на финансиите” е предвидено да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови.

Фото: Freepik