Барел нафта 117 долари, криптовалутите во црвено

70

Цените на нафтата зајакнаа и денеска се движат околу двомесечниот максимум во азиската трговија.

Светската референтна нафта Брент е на пат да го забележи најголемиот неделен скок на цената за месец и половина, поттикнат од стравот од намалување на понудата поради можна забрана од ЕУ за увоз на руска нафта и зголемената побарувачка за гориво во САД пред летната сезона која почнува на 30 мај.

Цената на американските фјучерси на нафтата WTI денеска изнесува 113,91 долар за барел, а на Brent 117 долари.

Според податоците на Coindesk, Биткоинот утрово се тргува по цена од околу 28.900 долари, а етереумот 1.770 долари