Барел нафта чини околу 73 долари

9

Цените на нафтата на меѓународните пазари се приближија кон 73 долари за барел, како последица од падот на бројот на барања за исплата на надомест за невработеност во САД, што се толкува како јасен знак на закрепнување на американската економија од кризата.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта поскапе за 55 центи на 72,77 долари, додека на американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по цена повисока за 51 цент, од 70,47 долари.

Трговците беа охрабрени по извештајот од американскиот пазар на труд што покажа дека бројот на нови барања за исплата на надомест за невработеност во текот на минатата недела е намален и достигна најниско ниво пд почетокот на пандемијата.

На повисока цена на нафтата влијае и податокот за инфлацијата во мај, што сигнализира континуирано закрепнување на домашната побарувачка од последиците на пандемијата.

Фото: Pexels