Барселона го намалува буџетот за плати за пола милијарда евра

31

Поради лошите финансиски резултати поттикнати од пандемијата, спортскиот клуб Барселона ќе мора буџетот за плати да го намали за дури 514 милиони евра во претстојната сезона.

Во сезоната 2019-/2020, Барселона за плати на играчи потроши дури 675 милиони евра, сега Лигата бара лимитот за плати да биде 161 милион евра.

Се поставува прашањето како ќе може тоа да го постигне, имајќи предвид дека само Лионел Меси заработува околу 75 милиони евра по сезона.

Исто така, спортскиот клуб должи околу една милијарда и 280 милиони евра.

Фото: Pexels