Мост што се протега на главен пат во Барселона ќе биде обложен со фотокалитички бетон, што овозможува филтрирање на загадениот воздух. Овој специфичен материјал ја користи сончевата енергија за да го “проголта“ загадувањето на воздухот, пишува Wired.co.uk.
Идејата на овој проект е на архитектонската компанија BCQ. Освен што ќе го прочистува воздухот, на мостот ќе се инсталираат и соларни панели, што ќе произведуваат електрична енергија за LED осветлувањето на мостот.
Фотокалитичкиот бетон користи титаниум диоксид катализатор за да го спречи загадувањето на воздухот. Овој процес, познат како фотокатализа, го неутрализира загадувањето и го претвора во кислород, вода, јаглерод диоксид, нитрат и сулфат. Потоа дождот ги измива остатоците од загадувањето, што значи дека ретко ќе биде потребно чистење со штетни индустриски хемикалии.