Батерија на мобилен телефон се полни осум часа, а може да издржи околу 50 дена

26

Фото: Avenir Telecom

Телекомуникацискиот бренд Avenir Telecom го претставува мобилниот телефон Energizer power max P18K Pop, чија батерија може да издржи прилично долго, пишува GSM Arena.

Батеријата на овој телефон има дури 18.000 mAH, додека батерија на просечен паметен телефон има околу 3.500 mAH.

Производителите на Power max P18K Pop тврдат дека со едно полнење, корисникот може да разговара на овој телефон околу 90 часа, односно четири дена. Доколку во континуитет се гледаат видео снимки, батеријата може да издржи два дена или 48 часа, а ако е во stand by состојба може да издржи околу 50 дена.

За да биде целосно полна, на оваа батерија ќе ѝ бидат неопходни осум часа.

За разлика од другите мобилни телефони, овој ќе биде малку подебел заради батеријата, а ќе има и пет камери, 6 GB меморија и 128 GB капацитет.