Bauhaus ја откажа инвестицијата во Србија

25

Германската компанија Bauhaus го откажа договорот со српската компанија Delta Real Estate. Договорот што го имаше една од водечките европски компании во сегментот “направи сам” беше врзан за изградба на првиот објект во Србија, јавуваат српските медиуми. Тоа требаше да биде прв од планираните пет објекти, а штетата од откажувањето на договорот се проценува на скоро 100 милиони евра.

Bauhaus веќе две години чека градежна дозвола, но не може да ја добие затоа што српската компанија има проблеми со конверзија на земјиштето каде што требаше да се гради објектот.

Сопственикот на Delta holding и најбогатиот Србин, Мирослав Мишковиќ, вчера беше приведен на сослушување во полиција поради користење на ова спорно земјиште долж автопатот Белград – Загреб и за работењето на компанијата Делреал.

Компанијата Delta holding соопшти вчера дека не е сопственик на тоа земјиште, туку дека е поднесено барање за конверзија на правата за користење, но постапката не е завршена.