Баварците донесоа “болна одлука“ – откажан Октоберфест

198

Германски Октоберфест, најголемиот светски фестивал на пивото, е откажан поради падемијата на коронавирус. Околу шест милиони посетители доаѓаат секоја година, а загубите од откажувањето на овој настан се мерат во милијарди.

“Тоа е неверојатна штета“, рече баварскиот претседател на покраинската влада, Маркус Содер во Минхен. Но, додава дека фестивал со голем број гости од странство, сепак е преголема закана.

“Ниту може да се држи дистанца, ниту да се служи со заштитна маска“, рече тој.

Градоначалникот на Баварија, Дитер Рајтер рече дека ова е емоционално тежок момент и исто така економски тежок удар за градот.

“Денес е малку тажен ден за мене. Откажувањето на Октоберфест е горчлива пилула, што исто така има негативни економски последици“, рече градоначалникот Рајтер.

Околу шест милиони посетители од целиот свет секоја година се собираат во Минхен на 14-дневен фестивал што се одржува под шатори со долги дрвени маси и оркестри кои свират локална народна музика. Оваа манифестација на Минхен му носи приход од над милијарда евра.

Годинава беше планирано Октоберфест да се одржи од 19 септември до 4четврти октомври.

Фото: Facebook