Фото: Facebook
BBC и телевизискиот канал ITV планираат да креираат конкурентен медиум на американската дигитална компанија Netflix, пишува BBC.
Директорот на BBC, Тони Хал вели дека целта е да се креира BritBox како конкуренција на Netflix во Велика Британија во втората половина од годинава.
Оваа објава дојде по зголемениот профит на ITV во 2018 година за 13%, чијшто износ беше 752 милиони долари. Според извршниот директор на ITV, Керолин Меккол BritBox ќе биде дом на “најдобрата британска креативност“.
Ниедна компанија засега не ги кажува цените на услугите, но Хол вели дека истите ќе бидат “конкурентни“. BBC и ITV веќе имаат BritBox стриминг услуга во Северна Америка којашто, според него ги надминала очекувањата со 500.000 претплатници.