БДП на САД падна за 1,5 отсто во првиот квартал

25

Ревидираните податоци на американското Министерство за трговија покажаа дека реалниот бруто домашен производ (БДП) на Соединетите држави падна за 1,5 отсто во првиот квартал во споредба со истиот период минатата година.

Претходната проценка покажа пад од 1,4 отсто, а аналитичарите очекуваа ревидиран пад од 1,3 отсто.

Нешто поголем пад од очекуваниот дојде откако БДП нагло скокна за 6,9 отсто во последниот квартал од 2021 година.