БДП на САД со најсилен пад од 1946-та година

31

Американската економија во 2020 година забележа пад што е најсилен од Втората светска војна, проследен со пад на личната потрошувачка, извоз и инвестиции на компаниите во услови на пандемија, покажуваат официјалните податоци.

Американскиот реален бруто домашен производ (БДП) во 2020 година се намали за 3,5%, што е најголем пад од 1946 година и првпат од големата глобална економска криза во период од 2007-ма до 2009-та година.

Во текот на 2019-та година, БДП на САД се зголеми за 2,2%.

Падот на реалниот БДП во 2020 година го прикажува падот на личната потрошувачка, извозни и инвестиции во опрема, како и намалена побарувачка на сојузните држави и тела на локалната самоуправа.

Фото: Freepik