БДП на Црна Гора се намали за 6,4% во првиот квартал

27

Бруто домашниот производ (БДП) на Црна Гора во првиот квартал од оваа година се намали за 6,4%, покажуваат официјалните податоци.

БДП, според прелиминарните резултати, во првиот квартал од оваа година изнесувал 865 милиони евра, додека во истиот период лани бил 917,4 милиони евра.

Просечниот пад на економиите во земјите на Европската унија изнесуваше 1,3%.

Најглем раст меѓу евроопските земји во првиот квартал имаа: Ирска (11,8%), Турција (7%) и Естонија (5,4%).

Од земјите во регионот, како што се наведува, Србија имала раст од 1,7%, додека пад забележаа Хрватска (-0,7%) и Македонија (-1,9%).

Црна Гора по пад на економијата во првиот квартал е последна на листата.

Фото: Pexels