БДП се “лизна“ за 12,7% во второто тримесечје

13

Стапката на раст на бруто домашниот производ, за второто тримесечје, е -12,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 32%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 30,2%.

Во второто тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство од 4,5%; Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита од 2,2% и Информации и комуникации од 0,9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 9,9%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 70,6%.

Фото: Freepik