БДП со раст од 0,2% во третото тримесечје од оваа година

17

strelki-rast-pixabay

Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП), во текот на третото тримесечје од оваа година, е 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2017 година, најголем пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,8%; Земјоделство, шумарство и рибарство од 3,8% и Дејности во врска со недвижен имот од 0,9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално расте за 5%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 65,5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,8%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5%.