БДП со раст од 4,3% во второто тримесечје

41

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2014 година изнесува 4,3%, според проценетите податоци на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2014 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 5,0% и И – Финансиски дејности и дејности на осигурување од 4,1%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2,5%, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 73,7%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,2%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10,7%.