БДП во Европската унија порасна за 0,3 отсто во третиот квартал

67

Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) порасна за 0,4 отсто во еврозоната и за 0,3 отсто во ЕУ во третиот квартал од оваа година во споредба со вториот квартал, според блиската прелиминарна проценка на Евростат, статистичкиот завод на Европската Унијата.

Евростат наведува дека во вториот квартал од 2024 година БДП е повисок за 0,2 отсто во еврозоната и за 0,3 отсто во ЕУ.

На годишна основа, сезонски прилагодениот БДП беше повисок за 0,9 отсто и во ЕУ и во еврозоната. Во вториот квартал порасна за 0,6 отсто во еврозоната и за 0,8 отсто во ЕУ.

Најголем пораст во однос на претходниот квартал, меѓу земјите-членки на ЕУ за кои се достапни податоци, забележа Ирска со два отсто. Следува Литванија со 1,1 отсто и на трето место е Шпанија со 0,8 отсто.

Од друга страна, пад забележаа Унгарија за 0,7 отсто, Летонија за 0,4 отсто и Шведска за 0,1 отсто. Стапките на раст од година во година биле позитивни за седум земји, а негативни за шест, посочува Евростат.

Според прелиминарните пресметки на Дестатис, врз основа на сезонски и календарски приспособени податоци, германската економија забележа благ раст во третиот квартал. БДП е повисок во периодот од јули до септември 2024 година за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал кога, според последните проценки, падна за 0,3 отсто.

Претходните проценки покажаа пад на БДП за 0,1 отсто во пролетниот квартал. На тој начин Германија избегна рецесија во третиот квартал, со иста тримесечна стапка на раст како на почетокот на годината.