Be Fit By Me: Фитнес апликација на новосадски старт – ап

30

fitnes

Фото: Pixabay

Новосадскиот старт – ап Be Fit By Me направи апликација којашто е наменета за сите љубители на фитнесот. Апликацијата е за оние на кои им се потребни брзи и корисни информации од оваа област, како и на оние кои се занимаваат со оваа работа и сакаат да го прошират својот пазар, преку поврзување на потенцијалните соработници и клиенти, пишува Екапија.

Апликацијата има неколку специфичности: фитнес социјален ѕид, база на податоци од места поврзани со фитнес (теретни, спа и велнес центри, продавници за спортска опрема) што нудат попусти, можност за комуницирање со личен тренер било каде во светот, фитнес случувања, програми за вежбање од професионалци, видеа со вежби…

Освен од Србија, апликацијата собира информации и за Велика Британија, Данска, Шведска, Норвешка, Финска, Холандија и Италија, а во наредниот период планирано е проширување.

Апликацијата е создадена со поддршка на агенцијата за дигитален менаџмент Motovate од Велика Британија, а нејзиното проширување се подготвува во Њујорк. Позади оваа апликација стои тим од 20 луѓе (тренери, девелопери и администратори) кои година дена работеле на реализирање на идејата. Засега оваа апликација е достапна на Google Play Store.