БЕГ: Над половина корисници ќе добијат пониски или еднакви порамнителни сметки за парно

23

Најголем дел од потрошувачите (62%) оваа година ќе добијат пониски или еднакви порамнителни сметки со авансните, покажуваатподатоците на БЕГ – Снабдување со топлина. Сепак, висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и секако од измерената количина на испорачана топлинска енергија до самиот објект.

Иако изминатата грејната сезона траеше шест дена подолго од вообичаеното, сепак повисоките просечни надворешни температури во текот на минатата зима ја намалија испораката на топлинска енергија во централниот систем за топлинска енергија во Скопје.

Помалата количина на испорачана топлинска енегија до потрошувачите од прогнозираната ќе биде нивелирана во сметките што потрошувачите за месеците – мај, јуни и јули, кога вообичаено се врши порамнување помеѓу прогнозираната и реално испорачаната топлинска енергија.

Инаку, потрошувачите, во текот на целата година, во своите сметки добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија.Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш разликата ќе му биде вратена.

Количината на испорачаната на топлинска енергија и времетраењето на испораката се одвива согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енерегика која носи конечна одлука за почеток и крај на грејната сезона.

Фото: Pixabay