БЕГ: Заради пад на температурите грејната сезона може да започне порано од 15-ти октомври

55

parno greenje

Во насока на навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија во системот Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, од први октомври започнува со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија. Целта на ладните проби е да се подготви и провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона.

Доколку се случи пад на температурите, грејната сезона може да започне порано од 15-ти октомври, а проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки.

Според последните податоци за временската прогноза, во текот на следната недела се очекува значаен пад на температурата.

За успешна подготовка на системот и навремена испорака на топлинска енергија, Дистрибуција на топлина Балкан енерџи ги повикува потрошувачите навреме да ги завршат започнатите интервенции во внатрешната инсталација, да обезбедат непречен пристап за екипите на компанијата до топлинските станици и постојано напојување со електрична енергија на топлинските станици, со што ќе се овозможи нивно непречено функционирање.

За информирање или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават на телефонскиот број (02/3076-200), или да ја посетат веб страната: www.poplaki.beg-distribucija.com.mk. Исто така на овие броеви потрошувачите можат да ги добијат сите потребни информации.

Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.  Иако бројот на објекти чии топлински станици од горенаведените причини не се ставени во работна состојба е намален во споредба со минатата година, поддршката од потрошувачите за ставање во функција на сите објекти дополнително ќе придонесе  за квалитетот на снабдувањето со топлинска енергија.