Бектеши: Кафаните и кафулињата со тераси ќе работат до 20 часот

176

Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, а нивното работното време ќе биде до 20 часот, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

“Другите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките. Имаме протокол кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор,“ рече Бектеши.

Фото: Pixabay