Бектеши: Ќе има намалување на невработеноста

30

Главната цел на сите економски мерки беше да се зачуваат работните места, особено тие во приватниот сектор, но истовремено да се помогнат компаниите во однос на ликвидноста и верувам дека тоа сме го постигнале. Ова синоќа го изјави министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Уметноста на финансиите на Телевизија Клан.

“Уверени сме дека мерките за поддршка на различни сектори ќе продолжат и во иднина доколку пандемијата продолжи и во текот на 2021 година.  Уверени сме дека ќе има намалување на невработеноста во Северна Македонија поради тоа што има тенденција на раст на приходите од персонален данок, како и на приходите од ДДВ-то, но и останатите приходи што значи зголемување на економската активност во земјата“, истакна Бектеши.

Министерот ја повика опозицијата да не ги блокира законите кои се во интерес на бизнисот.

“Бизнисите самите можат да одлучат кои мерки ќе ги искористат посебно од Петтиот пакет на економски мерки. Компаниите кои имаат капацитет за да инвестираат во текот на 2021 година може да се одлучат да ја користат мерката за бескаматни кредити кредит со грант компонента, а оние компании што нема да ја имаат таква можност ќе може да ја користат мерката за финансиска поддршка за исплата на плати, кажа Бектеши.

На прашањето во врска со протестите кои се одржуваат последниве денови од сопствениците на објекти во кои се организираат свадби, музичарите и останатите слични дејности, министерот Бектеши изјави дека ги продолжуваат преговорите за изнаоѓање решение кое ќе биде прифатливо за сите страни.

“Важно е да се истакне тоа дека токму клучното барање на тие што протестираат се однесува на измената на протоколите кои ги донесува Комисијата за заразни болести, која е стручна комисија и ние како Влада постојано сме ги почитувале нивните предлози.  Ние ќе ги продолжиме со разговорите, да изнајдеме заедничко решение, но како што кажав и претходно ултиматумите се неприфатливи за Министерството за економија и за Владата.Нивно право е да протестираат но, наша обврска е мерките да ги дизајнираме заеднички со стопанските комори“, подвлече Бектеши.

Тој рече дека токму овој сектор е еден од секторите што е вклучен во речиси сите досегашни економски мерки.

“Не е вистина дека не биле вклучени во рамките на претходните пакети, но истовремено и во Петтиот пакет економски мерки. Сите угостителски објекти кои на почетокот на пандемијата не беа регистрирани или категоризирани врз основа на Законот за угостителство во рамките на Министерството за економија, а во меѓувреме ја имаа можноста да ги категоризираат нивните објекти и да добијат помош.  Од 16 економски субјекти кои се занимаваат со организирање свадби, успеавме до крајот на годината да имаме околу 125 категоризирани угостителски објекти“, заклучи Бектеши.

Фото: Freepik