Белата куќа подготвува нови правила за банките со средна големина

35

Белата куќа подготвува планови да ги притисне федералните банкарски регулатори да воведат нови правила за банките со средна големина, по падот на Silicon Valley Bank (SVB) на почетокот на овој месец, објави денеска Вашингтон пост, цитирајќи две лица запознаени со подготовките.

Во планираните препораки до американскиот претседател Џозеф Бајден, нагласено е залагањето за враќање на правилата кои ќе важат за банките кои работат меѓу 100 и 250 милијарди долари, а кои не беа регулирани од Конгресот и Федералните резерви во мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп, според „Вашингтон пост“, пренесе Ројтерс.

Агенцијата не можеше да дојде до официјални лица од Белата куќа за коментар за плановите.

Според весникот, деталите сè уште се разработуваат и новите мерки треба да ги спроведат Одборот на Федералните резерви, Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) и Канцеларијата на контролорот на валутата.

Фото: Pixabay