Словачкиот дизајнер Шимон Керн ја дизајнираше столицата Beleaf, којашто е направена од рециклирани лисја. Со идеја столицата да содржи биоразградлив материјал, рамката е челична, а седечкиот дел е направен од пресувана смеса од листови и смола направена од остатоци од масло за јадење, пишува Dezeen.
“Доколку се оштети седечкиот дел на столицата можете да го оставите под дрво, каде со тек на време ќе се разгради и ќе го ’нахрани’ дрвото. Тогаш пак може да се соберат паднатите листови и да се направи нова столица“, вели Керн.
Дизајнерот сè уште го усовршува процесот за производство на столицата, а планира да експериментира со паднатите листови во производството на тела за осветлување.