Бележат загуби, но ќе делат бонуси на работниците

32

Америкaнската компанијa Boeing објави дека ќе плати бонуси на повеќето вработени следниот месец.

Тоа ќе го стори и покрај загубите од 12 милијарди долари во изминатата година како резултат на пандемијата на коронавирус.

Повеќето работници не добиле годишни бонуси минатата година, откако компанијата изгубила 636 милиони долари поради приземјениот авион тип 737 MAX со одлука на Американската федерална управа за авијација.

Компанијата ја смени структурата на планот за стимулирање во февруари и ги поврза финансиските цели со првите испораки на овој авион по откажувањето на одлуката за приземјување. Претходно, бонусите се исплаќаа врз основа на профит.

Директорот Дејв Калхун ги информирал вработените дека бордот на директори “ги почитува важните чекори што ги направил овој тим“.

Во средината на ноември беше укината одлуката за приземјување на авионот 737 MAX, а компанијата на 8- ми декември му го испорача првиот нов авион на купувачот, со што се обезбеди исплата на бонуси според новиот план.

Бонусите ќе бидат исплатени следниот месец.

Фото: Freepik