Белгиска Godiva отвора чоко кафетерија во САД

32

Белгискиот производител на врвно чоколадо, Godiva ја отвори својата прва кафетерија во САД, пишува Forbes. Компанијата којашто зад себе има 93-годишно искуство во создавање на квалитетни слатки го одбра Њујорк како своја прва локација на овој пазар.

Godiva веќе има свои кафетерии во Азија, Блискиот Исток и Европа, но со проширување на американскиот пазар компанијата сака да воведе и нешто ново.

Како што вели извршната директорка, Ани Јанг Скривнер, поранешна вработена во Starbucks, дури 85% од производите во новата продавница се нови.

Godiva се надева дека новиот модел на чоко – кафетерии ќе придонесе за отворање на 2.000 нови локации на глобално ниво, во следните шест години.

Компанијата, освен производство на чоколади и останати слатки, има и бизнис со кафетерии, дистрибуција на чоколадни гифт – пакети во супермаркети и останати локации, а вкупно брои 800 продажни места глобално.

Во 2008 година Godiva ја купи турскиот конгломерат Yildiz Holding за 850 милиони долари.

Фото: Facebook