Белгиски KBC излегува од NLB

19

Словенија од белгиската банкарско – осигурителна група KBC ќе ги откупи нејзините 22% акции од Нова Љубљанка Банка (NLB). Цената е договорена од едно евро по акција, што е вкупно 2,77 милиони евра, објави словенечкото министерство за финансии.

Конечната реализација на договорот ќе биде спроведена на почетокот на 2013 година, затоа што договорот треба да го потпишат словенечките регулаторни органи.

Членовите на Надзорниот одбор во NLB кои ја претставуваа KBC поднесоа оставки, кои стапуваат на сила на 31 декември. Со тоа KBC во потполност излегува од сопственичката структура на најголемата словенечка банка во која влезе во 2002 година.

Словенечкото министерство за финансии во соопштението наведува дека KBC со продажбата на своите акции ги исполнува обврските кон Европската комисија дека ќе ги продаде своите нестратешки инвестиции, затоа што белгиската матична банка во време на финансиската криза ја докапитализира државата, што се сметаше како државна помош.

Од NLB во 2006 година се повлече и Европската банка за обнова и развој, која четири години претходно за 5% акции плати 64 милиони евра.