Белград доби улица со паметно јавно осветлување

30

ulica noke

Српската престолнина ја доби првата улица на којашто е поставено паметно осветлување, пишува Екапија.

ЛЕД светилките, чија силина се зголемува и намалува во зависност од сообраќајниот интензитет и коишто заштедуваат и до 40% електрична енергија, се поставени на Белградската улица.

На улицата се инсталирани 18 ЛЕД светилки, на коишто има сензори за следење и современ систем на централна контрола. Овие светилки ги задоволуваат и најстрогите европски норми и стандарди.

Според градоначалникот на Белград, Синиша Мали, овој вид на јавно осветлување за прв пат е инсталиран во овој дел на Европа.