Белград добива хотел со пет ѕвезди по скоро 30 години

43

Hilton-Logo

Во Белград вчера е поставен камен – темелник за хотел Хилтон, а градоначалникот на градот, Синиша Мали, истакна дека ова е прв хотел со пет ѕвезди што се гради во Белград по скоро три децении, пишува еКапија.

Во проектот ќе бидат вложени 70 милиони евра, а инвестицијата ќе обезбеди работа за 300 луѓе.

Хилтон во Белград ќе се простира на 32.418 м2, ќе има 250 соби и апартмани, ќе биде висок осум ката, а на покривот ќе има ресторан со отворена тераса. Изградбата треба да биде завршена до 2018 година.