Белград им помага на угостителите да ја надминат кризата

49

Властите во Белград ќе им помогнат на угостителите во градот да ги надминат проблемите со коишто се соочија поради коронавирусот.

“Угостителството и услужниот сектор во Белград се најзагрозени поради промените на начинот на живот предизвикан од коронавирусот. Затоа град Белград ќе направи сè што може од своја надлежност за да им помогне на рестораните и кафулињата полесно да го преживеат овој период“, рекол Горан Весиќ, заменик градоначалник на Белград.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, прва мерка на градот за јули и август ќе биде намалување на цените на наемнините за 50% на угостителите чии локали се во објекти што се во сопственост на градот.

“Втората меркасе однесува само на општината Врачар. Тоа е единствена градска општина на чија територија е забрането поставување на летни тераси. Тоа минатата година е направено на предлог на граѓаните. Поради тоа, голем број угостителски објекти на Врачар немаат летни тераси… Ќе предложиме оваа одлука да се суспендира до крајот на годината. Тоа значи дека угостителите во оваа општина ќе имаат летни тераси од први август“, изјави Весиќ.

Фото: Freepik