Белград ќе добие DrumoDom – автобус за бездомници

22

Фото: Facebook

Српската престолнина наскоро ќе го добие DrumoDom, специјално адаптиран автобус наменет за бездомници, пишува Екапија.

Овој автобус ќе ги посетува сите места на коишто може да се сретнат бездомници и ќе им обезбеди бесплатен туш, тоалет, шишање, перење на облека и можност за разговор.

DrumoDom е наменет за луѓе кои живеат и работат на улиците низ Белград, а според проценките ги има од 3.000 до 5.000. Некои од нив живеат во исклучително нехумани услови.