Белградскиот аеродром Никола Тесла заинтересиран за Сава центар

113

sava centar

Белградскиот аеродром Никола Тесла е заинтересиран од Сава центар да направи седиште на компанијата и во следните три години во негова реконструкција и адаптација да вложи над 30 милиони евра во прва фаза, пишува Танјуг.

“На државата и на властите во Белград им понудивме добро решение – да бидеме малцински партнер на Градот во Сава центар со 49% удел“, вели в.д. директорот на аеродромот, Саша Влаисављевиќ.

Во Сава центар планирано е да се смести менаџментот и сите оперативни служби на аеродромот. Новото име би било Конгресен центар Аеродром Никола Тесла, којшто во својот состав ќе има кула, модерен трговски центар и хотел.