Белорусија заинтересирана за производство на противпожарни возила во Србија

56

vozilo

Белорусија е заинтересирана за производство на противпожарни возила во Србија и подготвена е производството да го поддржи и финансиски, изјави вчера во Крагуевац првиот помошник на белорускиот министер за индустрија, Генадиј Свидерски, пишува еКапија.

Според Свидерски, во Србија постои потреба за противпожарни возила, а Белорусија може да придонесе за нивно производство. Исто така, имаат законски решенија кои им дозволуваат да и дадат на Србија кредит на пет години со поволна камата.

Тој нагласи дека производството на противпожарни возила би се одвивало во заедничко српско – белоруско претпријатие. Шасиите би доаѓале од Белорусија, а обврска на произведувачот би била 15% учество.