Belty – паметен ремен сам се прилагодува ако се прејадете

23

belty 123

Живееме во време на “паметни“ предмети, па вистински момент беше да се појави и паметен ремен. Станува збор за ременот Belty што самиот се подесува во текот на денот, во зависност од тоа колку корисникот јадел или пак бил физички активен, па “ослабнал“, пишува порталот Mashable.

Belty се грижи и за здравјето на корисникот бидејќи има вграден сензор, акцелератор и жироскоп, па точно евидентира колку се движи и дали треба да биде поактивен во текот на денот.

belty

Паметната тока на Belty се поврзува со посебна апликација што ги мапира податоците собрани во текот на денот, па на основа на тоа нуди информации и сугестии кои одговараат на подесување на ременот во реално време. Во неговата внатрешност се сместени неколку мотори што стегаат и попуштаат на основа на обемот на половината на корисникот.

Прототипот на овој паметен ремен е претставен на саемот за електроника во Лас Вегас. Се очекува неговата цена да биде висока, бидејќи станува збор за луксузен производ.

belty 34