Хрватската фармацевтска компанија Белупо започна проект за изградба на нова фабрика за производство на лекови во Копривница.
Проектот е во фаза на изработка на студија за исплатливост, а ако добие одобрение од Надзорниот одбор, ќе започне изградба на нова фабрика во која ќе се инвестираат 70 милиони евра.
“Новите производи, новите технологии и новите инвестиции се основа за одржлив раст. Како на домашниот, така и на странскиот пазар од 1 јули ќе имаме “турканици”, многу нови лекови и генерички паралели. Пред неколку месеци станавме добавувачи за сировина на британски партнер и токму поради тоа, поради стратегијата за ширење на работењето, ни треба ново место за производство”, вели Хрвоје Колариќ, претседател на Управата на Белупо, пишуваат хрватските медиуми.