Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа според анкетите. Компанијата која брои 2.155 вработени во земјата и 688 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.
Како компанија во чија деловна стратегија и во стратегијата за општествена одговорност Луѓето се пред сѐ, од „Алкалоид“ истакнуваат дека компанијта ќе продолжи да одржува и да креира високи професионални стандарди во работната средина која претставува кариерен предизвик за сѐ повеќе млади професионалци кои тежнеат својата кариера да ја градат во сопствената земја.
Откриваме за тоа какви бенефиции на вработените нуди компанијата која ја носи со себе титулата Најпосакуван работодавец.
„Алкалоид е компанија која негува стимулирачка работна средина, во која работат и придонесуваат кон успесите вистински професионалци. Поради тоа на своите вработени секогаш се трудиме да им обезбедиме постојано подобрување на работното опкружување за да се чуствуваат ценето и вреднувано, велат од Алкалоид.
Во продолжение бенефициите кои им следуваат на вработените во Алкалоид:
- Обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување со вклучени дополнителни превентивни здравствени прегледи и посебни поволни услови за членовите на семејствата на вработените
- Организиран превоз за дел од вработените на нај фрекфентната локација на нашата компанија
- Бенефиции за деца на вработените – субвенциониран износ за вон школски активности на децата
- Новогодишен линеарен надоместок за секој вработен
- Исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум на ниво над последно објавената просечно исплатена плата во тромесечие
- Награди за вработените за лојалност и награди согласно правилникот за наградување
- Дополнителни надоместоци согласно вклученост во успешно завршени интерни проекти
- Годишен пораст на плата за сите вработени согласно економски показатели и инфлација
- Годишен наменски буџет за едукации и стручни доусовршувања на вработените
- Редовни тим билдинзи на сите организациски единици
- Можности за кариерен развој на вертикално и хоризонтално ниво преку различни програми на ниво на компанија
- Тренинг центар со тренинг лабораторија, наменети за едукација на вработени, како и студенти и ученици од програмата за млади таленти на Алкалоид АД Скопје
- Обезбедени најсовремени мерки и континуирано инвестирање во заштитата и безбедноста на здравјето на вработените
- Обезбеден избор на храна за вработените во објектите каде имаме организирана исхрана, а за вработените што не користат организирана исхрана доделен соодветен паричен надоместок за хранарина
- Редовно мерење на задоволството на вработените и имплементација на побараните предлог мерки од истото
- За членовите на синдикалната организација при Алкалоид АД Скопје овозможено плаќање на рати во десетици компании и повластени ценовни политики
- Подароци за секое новороденче на вработен од компанијата
- Новогодишни пакетчиња за децата на вработени;
- Спортски активности – бесплатно користење на спортски сали во одредени термини
- Кафетерија во рамки на компанијата
- Обезбеден паркинг за велосипеди и мопеди
- Во услови на корона обезбедени тестирања од страна на компанијата и нај високо ниво на заштита во работните простории