Бензините поевтини за 1,5, дизелот за 2,5 денари

20

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги определите цените на горивата за следните две недели.

Според одлуката, цените на бензините Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 се намалуваат за 1,50 денари за литар. Од ноќеска на полноќ Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 61,50 ден/лит, додека цената на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит, па така цената на дизелот Еуродизел ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 47,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,789 ден/кг и ќе изнесува 30,037
ден/кг.