Бензините поевтини за 3,5, дизелот за два денари

3

goriva 123

Цените на горивата од ноќеска ќе добијат нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините ќе се точат по цена пониска од 3,5 денари за литар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтинат за два денари.

Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 ќе чинат 67 денари за литар, односно 69 денари за еден литар. Цената на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,404 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 27.07.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,287 ден/кг.