Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензините е намалена за 4,5 денари за литар, а на дизелот и екстралесното за 3,5 денари.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на литар Еуросупер БС 95 изнесува 78 денари, а литар Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 79,5 денари.
Малопродажната цена литар Еуродизел од денес изнесува 67 денар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чини 55,5 денари. Цената на килограм мазут М1 НС е намалена за 2,228 денари и сега изнесува 40,243 денари.
Одлуката за значителното поевтинување на цените на горивата Регулаторите ја образложуваат со драстичниот пад на цената на нафтата на светските берзи од 5,89% во изминатите денови.
Драстичниот пад на цената на нафтата на светските берзи, аналитичарите го појаснуваат со тоа што макроекономските показатели од САД, Кина и Европа не беа добри, а поголеми од очекуваните беа и залихите на нафта.