Бензините поевтини за два денара, цената на дизелот останува иста

10

gorivo

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,859 ден/кг и изнесува 19,901 ден/кг.