Бензините поевтини за половина, дизелот за еден денар

20

benzinska

Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98, како и Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по цени пониски за половина денар. Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 61 денар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (Ел -1) ќе биде 31,50 денари за литар.

Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) ќе поевтини за еден денар и ќе чини 42,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 15,324 ден/кг.