Бензините поевтини за три денари, дизелот по стара цена

13

benzini

Бензините ќе поевтинат за три денари, додека цената на дизелот останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 55 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 57 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) не се менува, односно останува 41 денари за еден литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар и ќе чини 30 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,573 ден/кг и ќе се продава по 14,673 денари за килограм.